Можните противници на македонските екипи во Лига Европа

УЕФА ја најави ждрепката за првото квалификациско коло на ЛЕ која што ќе се одржи во вторник (18 јуни) со почеток од 15.30 часот во Нион, Швајцарија.

Нашата земја во ова натпреварувања ќе ја претставуваат Академија Пандев, екипа која ќе дебитира на меѓународната сцена, потоа Македонија ЃП и Шкупи, и сите три врз основа на УЕФА коефициентите ја немаат улогаат на носители.

twitter.com/punditjay

„Пандевци“ ќе играат против една од следните пет екипи: Фехервар (Унгарија), Зрињски (Босна и Херцеговина), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Нефчи (Азербејџан), Левски Софија (Бугарија).

Потоа, „лавовите“ од Ѓорче Петров може да налетаат на Спартак Трнава (Словачка), Жалгирис Вилнус (Литванија), Фола Еш (Луксембург), Алашкерт (Ерменија) или Олимпија Љубљана (Словенија).

И на крајот Шкупи, тимот од Чаир исто така може да добие незгоден противник: Хапоел Беер-Шева (Израел), АЕК Ларнака (Кипар), Домжале (Словенија), Пјуник (Ерменија), Сабаил (Азербејџан) или Будуќност Подгорица (Црна Гора).

Претходно објавивме кои се можните ривали на Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот