МОЖЕТЕ ЛИ БЕЗ ЛЕБ? Еве што ќе се случи ако целосно го исфрлите од исхраната

бел леб
Бел леб, Фото: Архива

Белиот леб веќе докажано е еден од најлошите за нашето здравје, но тоа не значи дека сите други видови леб делуваат исто така.

Многу диети целосно го исклучуваат лебот од режимот, но ако до вчера ви бил неизоставен дел од оброците, не можете од денес веќе воопшто да не го консумирате.

Ако тоа го правите постепено и ако го замените белиот со некој друг поздрав леб, тогаш лесно ќе ги видите сите бенефити на ваквата исхрана.

Но, ако го направите тоа нагло, ризикувате:

1. Добивате „кето грип“

Јаглехидратите се основен извор на енергија за работа на мозокот. Кога го намалувате или целосно прекинувате внесот, телото почнува да разложува масти и да „работи“ со помош на кетони. Резултат на тоа се сува уста, слабост, вртоглавици, заматен вид и лош здив. Ако издржите, телото ќе почне да се навикнува да работи на кетони, но тие никогаш не можат да бидат основен извор на енергија.

Затоа, многу е важно каков вид на јаглехидрати внесувате. На пример, рафинираните може да го нарушат здравјето, но нерафинираните спречуваат дијабетес, срцеви болести и гојазност.

2. Ќе трошите многу течности, но ќе имате помалку енергија

Житариците се идеален извор на железо, магнезиум и витамин Б. Со нивно исклучување од исхраната, телото ќе почне да се ослободува од вишокот течности и вие реално ќе слабеете, но тоа не е топење на масти, туку само исфрлање на задржаната вода.

Поради тоа, нема да имате издржливост и сила за да издржите едночасовен тренинг, на пример.

3. Ќе имате проблеми со варењето

Житариците нè снабдуваат со растителни влакна, кои се неопходни за правилно варење на храната, но и за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Тоа понатаму може да предизвика проблеми со исфрлање на изметот, односно или пречесто празнење или многу нередовно.

4. Ќе изгледате несреќно

Јаглехидратите од било кое потекло помагаат за зголемено лачење на сератонин. Кога не би примале никакви јаглехидрати преку исхраната, ќе лачите минимални количини на сератонин, што по некое време ќе стане видливо на вашето лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот