Можеше да биде и полошо: Ливерпул казнет со 200.000 фунти!

EPA-EFE/PETER POWELL

Ливерпул е парично казнет со 200.000 фунти поради тоа што на мечот од Карабао купот против МК Донс, на терен се појавил и фудбалер кој немал право да игра.

Станува збор за 22-годишниот Шпанец Педро Чиривелја, кој не смеел да настапи, а тренерот Јирген Клоп го стави во игра.

Чиривелја влезе на теренот во второто полувреме на таа средба која „црвените” ја добија со 2:0. Проблемот е што немал исписница од претходниот клуб Екстремадура каде настапуваше како позајмен.

Сепак, тоа што мина само со парична казна е добра вест за европскиот првак, бидејќи можеше да се донесе одлука и за елиминација и службен пораз.

Вака, Ливерпул во четвртата рунда од Карабао купот ќе се сретне со Арсенал на 29 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот