Можен втор бран од епидемијата на коронавирусот: Кина е внимателна, Пекинг е најзагрозен

ФОТО: Profimedia

Во континтална Кина досега починаа вкупно 3.300 луѓе, а евидентирани се 81.439 граѓани со инфекција.

Кина не ја заврши битката со коронавирусот. Според пишувањето на странските медиуми, официјален Пекинг се подготвува за втор бран од овој вирус. Најголема главоболка им задаваат кинеските државјани што се вратија од странство.

Се поголемиот број увезени случаи на коронавирус во Кина, се закануваат да поттикнат втор бран на инфекцијата. Кинеските медкуми тврдат дека првиот бран „во основа е запрен“. Тоа денеска ги потврди и високо здравствено официјално лице, меѓутоа тој останува внимателен и наведува дека благото ограничувањето на патувањето е голем ризик.

Ројтерс наведува податок дека од нултиот пациент во Вухан, па се до денес во Кина од странство се вратиле 693 граѓани кај кои е откриен Ковид – 19. Ројтерс ги пренесува зборовите на Ми Фенг, портпарол на Националната здравствена комисија, кој наведува дека „можноста за нов круг на инфекции станува релативно голема“.

Речиси четвртина од инфицираните во странство стигнале во Пекинг.

„Пекинг, нашиот главен град, се уште е во голема опасност. Нема причина да одмарате и да се опуштате. Не е време дека можеме да кажеме се оди добро“, им рече на новинарите Ксу Хејиан, портпарол на владата во Пекинг.

Во континтална Кина досега починаа вкупно 3.300 луѓе, а евидентирани се 81.439 граѓани со инфекција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот