Можен ли е пресврт и Роналдо место во Сити да се врати во Јунајтед

Се зголемуваат шансите Роналдо повторно да го облече дресот на Јунајтед/Фото: EPA/STEPHEN POND

Заминувањето на Кристијано Роналдо од Торино е главна вест во Манчестер, градот во кој од 2003 до 2009 година настапуваше за Јунајтед.

Но, сега со Роналдо не се поврзува неговиот поранешен тим, туку лутиот градски ривал, Манчестер сити и медиумите тврдат дека Португалецот веќе ги договорил личните услови со „граѓаните“.

Но, ниту во „црвениот“ дел од Манчестер не губат надеж бидејќи на „Олд трафорд“ настапува колегата на Роналдо од португалската репрезентација, Бруно Фернандеш и тие двајца се во постојан контакт. Тоа го потврди и менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

– Отсекогаш сме имале добра комуникација. Бруно исто така разговара со Кристијано и знае што мислиме за него. Доколку се одлучи да го напушти Јувентус,знае каде се наоѓаме. Роналдо е најдобар фудбалер во историјата на Јунајтед доколку ме прашувате мене. Имав среќа да играм со него, но и да го тренирам на почетокот од кариерата. Ќе видиме што ќе се случува – изјави Солскјер.

Во исто време се појавија информации дека шансите за Роналдо да се врати на „Олд трафорд“ се големи, и тоа исто така го пренесе новинарот чија специјалност се трансферите, Фабрицио Романо.

Алегри призна дека Роналдо заврши со Јувентус

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот