Можен е втор бран на зараза со Ковид-19 во Италија, предупредуваат експерти

epa08392088 A family with a child in Piazza Navona during the coronavirus lockdown in Rome, Italy, 29 April 2020. EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Клучот за одржување на епидемијата под контрола се наоѓа во раната изолација на лица со сомнителна инфекција, извршување на повеќе тестови и ставање во карантин на нивните блиски контакти.

Тие повикуваат на зголемени напори за утврдување на новозаразени, да се следат нивните симптоми и контактите. Доктор Силвио Брузаферо, претседател на Вишиот институт за здравство, денеска ја извести комисијата при Сенатот во врска со следната фаза на пандемијата на новиот коронавирус во Италија. Тој денеска им се придружи на експертите, откако вчера 4,4 милиони Италијанци се вратија на работа и беа олеснети ограничувањата за движење првпат во два месеца.
Според него, клучот за одржување на епидемијата под контрола се наоѓа во раната изолација на лица со сомнителна инфекција, извршување на повеќе тестови и ставање во карантин на нивните блиски контакти.
Тој вели дека ќе бидат потребни „огромни инвестиции” од ресурси за обука на медицинскиот персонал, кој ќе ги набљудува можните нови случаи. Брузаферо додава дека сите телефонски апликации, кои помагаат за следење на контактите, не можат да го заменат човечкиот фактор.
Шефот на одделот за инфективни заболувања при Институтот за здравство, д-р Џовани Реца изјави дека претстојните недели се главно „експеримент”, за да се види како ќе влијае карантинското олеснување и обновувањето на економската активност врз кривата на ширењето на заразата.
– Сè уште не сме ја победиле епидемијата. Се уште се бориме против неа. Не сакам луѓето да мислат дека повеќе не постои ризик и дека сме вратени во нормала, истакна Реца.
Според експерти, вториот бран на заразата би може да го погоди конкретно јужниот дел на Италија, каде досега не се потврдени многу случаи на заболени со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот