Можеби се прашувате колку заработија Шакира и Џенифер Лопез за настапот на Супербол? Одговорот ќе ве изненади

Instagram

Пејачите кои настапуваат на ова познато полувреме не добиваат паричен надомест за својот перформанс.

Настапот на полувремето на Супербол во САД е навистина голема привилегија, бидејќи милиони луѓе го следат овој настан преку малите екрани ширум светот, како и на преполниот стадион.

Ако го погледнавте енергичниот настап на Шакира и на Џенифер Лопез, веројатно се прашувате колку заработија овие две пејачки за нивниот 15-минутен перформанс?

Најверојатно ќе се изненадите од овој факт, но двете латино диви настапуваа бесплатно!

Пејачите кои настапуваат на ова познато полувреме не добиваат паричен надомест за својот перформанс. НФЛ го покрива само синдикалниот обем, што значи дека се подготвени да платат минимален број работници, кои треба да ги одработат основните работи околу организацијата на овој спортски настан и ги плаќаат трошоците на продукцијата.

„Вол стрит журнал“ тврди дека тие минимални трошоци изнесуваат околу 10 милиони долари во последниве неколку години.

Изведувачите сметаат дека е голема чест да настапуваат на Супербол и повеќето од нив тврдат дека сонуваат да настапат на овој настан и дека, ако некогаш добијат прилика за тоа, нема да ја одбијат без оглед на тоа што нема да бидат платени.

Втората причина е масовната експонираност.

Супербол секоја година го гледаат повеќе од 100 милиони гледачи.

Лејди Гага по нејзиниот перформанс на Супербол доживеа огромен скок на плеј-листите, а и стримингот на песните на Џастин Тимберлејк е масовно зголемен по неговиот настап на полувремето, пренесува Воменсхелт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот