Може слободно да УМРЕ: Синот на Бритни се снимаше и го навреди својот дедо (ВИДЕО)

Некогаш една од најголемите поп-ѕвдезди на светот, Бритни Спирс (38) и денес предизвикува голем интерес во јавноста каде и да се појави, иако во потполност не е јасно што се случува со нејзината музичка кариера. Пред 4 години се врати после подолга пауза со својот деветти студиски албум „Glory“, но наводно повторно размислува да се откаже од музичката кариера.

И додека јавноста е оставена во „мрак“, нејзиниот 13-годишен син Џејден, кој Бритни го доби со поранешниот сопруг, танчерот Кевин Федерлајн (41), најавува на Инстаграм дека ќе открие што се случува со неа и сите нејзини тајни, во замена за нови следбеници. Тинејџерот изгледа дека не се воздржува од ништо со цел да „заработи“ нови виртуелни фанови и така да стане попопуларен.

Бритни со своите деца Престон и Џејден / Фото: Инстаграм

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн вели дека „се справува“ со контроверзниот испад на нивниот 13-годишен син при социјалните медиуми „како одговорен родител“.

Адвокатот на Федерлајн, Марк Винсент вели дека испадот е резултат на „фамилијарни односи“.

Тој додава дека видеото било „резултат на 13 годишно дете кое се однесува како 13-годишно дете“.

Инаку, 13-годишниот Џејден отвори инстаграм-профил и со вклучување во живо рече дека неговата мајка веќе нема да се занивама со музика, a го нападна и својот дедо Џејми (таткото на Бритни).

Бритни со својот татко Џејми / Фото: Инстаграм

За време на стримот, Џејден не изгледа како да се грижи што кажува, истакнувајќи „На татко ми не му е ни гајле. Го имам најдобриот татко на светот. Мојот татко е буквално Исус“.

Бритни и Кевин беа во брак од 2004 до 2007 година. По нивниот развод, 70% од старателството му припадна на Кевин, за нивните два сина, Џејден (13) и Престон (14)

Бритни воопшто не изгледаше вознемирена за виралното видео на нејзиниот син од вторникот. Таа сподели серија фотографии со нејзиниот парнтер, тренерот Сам Асгари (26).

Бритни позира со својот партнер Сем, во средата / Фото: Инстаграм

Синот на Бритни беше „полн со откририја“ за време на стримот во живо на неговиот инстаграм-профил. Тој се снимал додека бил во домот на неговиот биолошки татко во Калифорнија, кога одлучил да направи „прашања и одговори во живо“.

Кога меѓу коментарите кои пристигнувале за време на стримот некој напишал Free Britney (Слободна Бритни), Џејден откри тајни за мајка му и татко и, односно неговиот дедо. По проблемите кои ја надвладејаа некогашната поп сензација, пред десетина години судот одреди нејзиниот татко, Џејми Спирс да ги преземе сите ингеренции над нејзините финансии.

Прашан дали мајка му е контролирана од дедо, Џејдон вели „Не знам“.

Таткото на Бритни, Џејми, ги презема ингеренциите над нејзе во 2008 година и се повлече од одговорноста во септември 2019 поради здравствени проблеми, па неговата улога ја презема менаџерката на Бритни, Џоди Монтгомери. Според странските медоуми, Џејми повторно ја „чува“ Бритни од јануари годинава.

Бритни Спирс со своите деца / Фото: Инстаграм

Синот на Бритни имаше мал избор на зборови за својот дедо, кој не смее да ги види внуците 3 години, откако доби забрана за приближување во Август поради расправија со новиот партнер на Бритни.

„Тој е еден голем с*рко… Може слободно да умре“, рече Џејден за неговиот дедо во видеото.

Малиот Џејден им вети на „гледачите“ дека ќе сподели уште повеќе тајни за неговата мајка доколку добие над 5.000 следбеници: „Што се случува со мајка ми? Ќе ви ја кажам целата приказна за мојата мајка и повеќе кога ќе добијам над 5.000 следбеници на мојот инстаграм-профил“, и „Тие работи ќе проникнат во иднина кога ќе станам многу популарен“.

Тој додава дека во моментов живее со татко му, Кевин Федерлан, но дека ќе ја види Бритни наскоро „Ќе ја посетам за неколку недели бидејќи сум со мојот татко. Добро ми оди“.

Потоа, кога следебник го прашува дали Бритни ќе се врати на музичката сцена, Џејден се наврати на разговор со неговата мајка: „Всушност, немам видено да прави нешто поврзано со музика многу одамна… Мислам дека нема… Не знам, човеку. Не знам… Се сеќавам дека еднаш ја прашав „Мамо, што се случува со твојата музика“, и таа ми рече „Не знам душо. Навистина размислувам да ја напуштам индустријата“, по што бев изненаден и ја прашав „Што? Што ми кажуваш? Знаеш ли колку пари правиш од тоа?!“.

Извор за US Weekly минатата година открил дека синовите на Бритни биле во посета на апартманот на Џејми, кога постариот син Престон се скарал со неговиот дедо, кога се почувствувал несигурен и исплашен и се заклучил сам во соба. Џејми упандал насилно во собата и го исплашил Престон.

Оттогаш, дедото не смее да ги види своите внуци се до август 2022 година, па најверојатно затоа и Џејден ги изговорил погрдните зборови на видеото. 

Што се однеусва до парнтерот на Бритни, 26 годишниот Сем, Џејми немаше лоши зборови, туку рече „Ми се допаѓа Сем. Тој е добар, тој е фин. Навистина е добар дечко“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот