Може ли украинскиот упад во Курск да го забави напредувањето на Русија?
Операциите на Украина во рускиот регион Курск можеби ќе го принудат Кремљ да ги оддалечи војниците од приоритетните боишта, потенцијално одложувајќи ги офанзивите на Москва на друго место, велат аналитичарите во новиот извештај.
Во најновиот извештај на Институтот за проучување на војната (ISV) се вели дека „оперативните притисоци од украинскиот упад во регионот Курск влијаат на руските операции во сите сектори низ фронтот во Украина“.
Претседателот Владимир Путин но и сојузниците на Украина беа затекнати од упадот на Киев во регионот на 6 август, што, како што потврди украинскиот командант Александар Сирски, доведе до заземање на околу 500 квадратни милји, 100 населби и 594 воени заробеници.
Досега, аналитичарите сугерираа дека стратегијата на Путин би била да го напушти Курск и да ја искористи можноста да нападне на друго место на линијата на фронтот.
Последниот извештај на ISV сугерира дека руските сили можеби биле принудени да го пренасочат засилувањето од приоритетните борбени зони за да се спротивстават на украинската активност во Курск.
„Руската воена команда можеби прераспоредила ограничени елементи наменети да ја засилат приоритетната офанзивна операција на Русија во насока на Покровск за одбрана од украинската инвазија во регионот Курск“, објави ISV.
Овие прераспоредени сили, наводно, вклучуваат елементи од 15-та моторизирана бригада на Русија, која дејствувала во правец на Покровск.
Дополнителни засилувања беа повлечени и од Доњецкиот фронт, вклучително и елементи на 1-та „словенска“ моторизирана бригада.
Во извештајот се вели дека иако руската воена команда „и натаму не сака да ги повлече борбено ефикасните единици од предната област“, некои од овие единици се прераспоредени за одбрана на регионот Курск наместо да бидат ангажирани во офанзивни операции во Доњецк.
Додека украинските сили извршија неколку напади врз Курск на 31 август, вклучително и во близина на населените места како Коренево и Суја, не е потврден значаен напредок, се вели во извештајот на ISV.
Се наведува дека според руски извори Москва ја вратила територијата во областа, потиснувајќи ги украинските војници од клучните позиции.
И покрај промената во движењето на трупите на руската армија, во извештајот се вели дека прераспоредувањето веројатно нема да има непосреден ефект врз ситуацијата на бојното поле во Покровск, бидејќи вклучените руски единици се мали, и не се сметаат за позначајна воена формациска сила на фронтот.
Russian forces recently advanced southwest of Donetsk City amid continued Russian offensive operations in the area on September 1.
Geolocated footage published on August 31 indicates that Russian forces recently advanced in northeastern Kostyantynivka. A Russian milblogger… https://t.co/BB494Ttacu pic.twitter.com/e98JkSA9ql
— Institute for the Study of War (@TheStudyofWar) September 2, 2024
Останува неизвесно дали Кремљ ќе прераспореди дополнителни резервни сили наменети за офанзивните операции за да се справи со тековниот упад во Курск.
Во извештајот, исто така, се наведува дека украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во саботата изјавил дека Русија би можела да користи аеродроми надвор од дострелот на ракетите ATACMS испорачани од САД, што дополнително ги отежнува напорите на Киев да напаѓа длабоко во територијата на својот противник.
На состанокот со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во саботата во Вашингтон, Умеров разговарал за воените потреби на Украина, вклучително и барал напредни системи за воздушна одбрана и друго оружје наменето за украинската армија.