Може ли „Султанот“ да го запре „царот“: Што му подготвува Ердоган на Путин на средбата во Сочи?

Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин / Фото EPA-EFE/PAVEL GOLOVKIN / POOL

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе отпатува во Русија за првпат од почетокот на војната во Украина. На 5 август тој треба да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, кому неколкупати му апелираше да ја запре инвазијата на Украина.

Иако многумина се обидоа да влијаат врз одлуките на Путин, Ердоган ги постигна најдобрите резултати досега, што го наметнува прашањето – дали „султанот“ може да го запре „царот“.

Преговори меѓу Русија, Турција, Украина и ОН во Истанбул / Фото: EPA-EFE/TURKISH DEFENCE MINISTRY

Иако претходно беше објавена веста за заминувањето на Ердоган во Сочи, веднаш не беше прецизирано каков ќе биде неговиот распоред во Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, набрзо потврди дека се планирани средби меѓу двајцата лидери, кои веќе се сретнаат и разговараа на самитот во Иран пред неколку недели.

Владимир и Путин и Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Посетата на Ердоган следува веднаш по потпишувањето на договорот меѓу Русија и Украина во Истанбул, кој се смета за историски и се однесува на деблокирање на украинските пристаништа и извоз на нејзиното жито.

Но, како што беше потпишан договорот, така беше и експресно прекршен . Сега постои можност Ердоган да го сврти вниманието на Путин односно да го искритикува поради непочитувањето на договорот, чиј гарант е Турција.

Поле со жито во Украина / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Молба или укор

Имајќи предвид дека Ердоган лично вложи време и напор во создавањето на договорот за извоз на украинското жито , а потоа преговараше со украинската и руската страна за конечниот потпис на одоговорорт , не е невообичаено што тој силно реагираше на неговото грубо прекршување.

Имено, само 20 часа откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков го потпишаа договорот во Истанбул, руските сили ја гранатираа Одеса – клучно пристаниште на Црното Море.
Одеса беше една од главните точки на договорот, имајќи предвид дека најголемото количество жито беше заробено токму во ова црноморско пристаниште.

Фото: Скриншот, Твитер

Меѓутоа, руските ракети, со кои епсресно беше прекршен договорот, го привлекоа вниманието на светските претставници, особено на Реџеп Тајип Ердоган и на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, кои со своите потписи се согласија да гарантираат исполнување на договорот.

Фото: МИА

„Султановото“ посредување

Иако во изминатите месеци многумина се обидоа да се позиционираат како врска меѓу Киев и Москва, што ќе помогне да се стави крај на војната во Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“, непобитен е фактот дека Ердоган постигна најдобри резултати.

По неколкунеделни преговори, Турција и Обединетите нации успеаја да направат договор за извоз на жито од Украина, кој симболично беше потпишан во Истанбул, во палатата Долмабахче.

Претходно на истото место се одржа средба на шефовите на дипломатиите на двете завојувани страни – Сергеј Лавров и Дмитри Кулеба.

Русија и Украина потпишаа договор поддржан од Обединети нации, кој треба да овозможи извоз на милиони тони жито од блокираните пристаништа на Црното Море / 22 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Ердоган и неговата администрација никогаш не криеле дека всушност сакаат да бидат посредник кој ќе донесе мир во светот, но и дека нивниот план е конечниот мировен договор меѓу Русија и Украина да биде потпишан во Истанбул.

Самиот претседател на Турција во неколку наврати им понуди на Путин и Владимир Зеленски да се сретнат во неговата земја, со посредство на официјални лица и администрацијата на градот кој се наоѓа на два континента.

Телефонски разговор на Путин со Бенет / Фото: EPA-EFE

Инвазија на посредници

За многумина необична беше ситуацијата во која војната започнува еден ден, а мировните преговори само три дена подоцна. Сепак, преговорите меѓу украинската и руската делегација започнаа на 27 февруари, точно три дена откако Владимир Путин најави почеток на „специјална воена операција“ во Украина.

Зеленски инсистираше преговорите да се одвиваат на неутрална територија, истакнувајќи ја Полска како најдобра опција. Неговиот руски колега не се согласил со тоа барање и како локација тогаш ја предложи Белорусија.

Имајќи предвид дека Полска во моментов е најголемиот сојузник на Украина, а Белорусија на Русија, јасно е зошто ниту една од овие земји не е неутрална, но и зошто лидерите на двете завојувани земји инсистираа на тоа.

Знамиња на Украина и Белорусија / Фото: SHUTTERSTOCK

Кога Александар Лукашенко официјално понуди да организира средба меѓу двете делегации, Зеленски првично одби, но по разговорот со лидерот на Белорусија, тој се согласи да испрати преговарачи.

Шолц Путин средба Москва / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Покрај Ердоган, како посредници се истакнаа израелскиот премиер Нафтали Бенет, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, но ниту еден од овие лидери не успеа да го принуди Путин да преговара со Зеленски.

Среба на Владимир Путин и Емануел / Фото: Скриншот, Јутјуб

По ова прашање Русија беше јасна – прво мировен договор за кој ќе преговараат делегациите, а потоа средба меѓу двајцата претседатели.

По средбата во Истанбул, делегациите ги продолжија преговорите во онлајн формат, за официјално да бидат прекинати на 17 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот