7 C
Скопје

Може ли попис и бојкот во исто време

Идеален попис во мултиетничко општество во кое правата на заедниците зависат од нивниот број, не е можен. Така пописот, од обична статистичка операција, иманентно станува и политичка, без разлика што целите заради кои се прави се од поширок државен интерес. Наместо реален увид во бројот и демографската структура на населението, становите и домаќинствата, се претвора во типично етничко пребројување, при што се создава атмосфера во која Македонците треба да се плашат дека Албанците ќе бидат „повеќе одошто треба“, а Албанците стравуваат дека ние Македонците ќе го „наштелуваме“ пописот така што тие да бидат недоволно за да ги уживаат „нелегално“ стекнатите права.
Со таква етно-политичка фиксација, државата Македонија не може да спроведе обична статистичка операција веќе 19 години, иако во последно време и едните и другите повеќе стравуваат дека миграциските движења демографски ја опустошиле државата и дека бројките кои ги заговараат се недостижни.
Инаку кога станува збор за попишувањето, во суштина се работи за класична недоверба. Недоверба во институциите на државата, на етничките заедници и партии, па на попишувачите кои се под партиско или етничко влијание и на крајот недоверба кон самите граѓани кои треба да дадат точни податоци кога ќе бидат попишувани.

Прочитајте и...  Стартува кампањата за пописот под слоганот „Тука живеам, одлучувам, постојам"

Оттаму за да може пописот да биде применлив во пракса, а резултатите да бидат општо прифатени требаше да постои минимум политички и етнички консензус. Но ни овој пат власта и опозицијата не најдоа точки околу кои можеа да се сложат, иако такви моменти имаше. Вината секако треба да се бара и кај едните и кај другите. Кај власта затоа што не успева да најде пат за да прифати дел од забелешките на опозицијата кои заслужуваа внимание, дури и кога се работи за активности од државен интерес, а таков напор не изостава кога се работи за „трети страни“ како на пример во спорот со Бугарија која експлицитно ја негира македонската посебност. Опозицијата пак со нејзиното инаетливо однесување дека се што не е во договор со нив тие не го признаваат, па макар и кога станува збор за повисоки нациионали интереси.
Но бидејќи до тоа не дојде, се применува демократското правило на „минимално“ собраниско мнозинство со кое законот ќе стапи во сила. На овој начин и ќе биде изгласан од страна на влаедачкото мнозинство, но сега веќе подржан и од албанските опозициски партии кои во текот на рсправата имаа и свои забелешки.
Едиинствено ВМРО-ДПМНЕ остана на своите позиции против овој закон кои ќе ги брани со своевиден бојкот на пописот и со собирање потписи за ПОНИШТУВАЊЕ на свежо донесениот закон за попис.
Сепак останува нејасно како оваа партија ќе го реализира бојкотот на пописот. Дали тоа значи дека раководството на партијата и нејзините подржувачи нема да го пополнат прашалнникот кога попишувачите ќе дојдат во нивните домови, или пак како и сите граѓани ќе се попишат, но подоцна од политички причини нема да ги прифатат резултатите од тој попис на кој и самите учествувале.
Според отпорот што ВМРО-ДПМНЕ го прави во однос на законот за попис, излегува дека Македонија треба да заборави на оваа статистичка операција се додека не се најде таква методологија со која ќе се покаже дека Албанците не се „прекубројни“, или не се доволно за да можат да бараат „повеќе“ права.
Но ниту во временскиот период во кој тие беа подолго на власт, не усепеаја да смислат соодветен „модус вивенди“ што ќе даде такви резултати. Нивниот последен обид за „пазарно“ решение на пописот пропадна во 2011 тата.
Имајќи го предвид ова свое искуство, тие сега ја наметнуваат тезата за „реален“ попис, единствено можен според нив, со отисок на прстите. Ако тоа не биде така веќе лицитираат за наводно „договорен“ попис меѓу власта и албанските партиии, кој треба да „изброи“ околу 35% Албанци во државава. Докази за ваквите тврдења секако не постојат.

Прочитајте и...  Во прекин сообраќајот Велес-Градско поради голем одрон

Во својата политичка битка ВМРО-ДПМНЕ реши повторно да виси сама на политичката сцена, губејќи ја подршката и од Алијанса за Албанците и од Алтернатива за кои постоеше уверување дека стануваат релевантна здружена политичка сила во опозиција. Ова дотолку повеќе што
Законот за попис со кој имаат намера да го поништат сегашниот, сепак треба да добие парламентарно мнозинство. За таков закон воопшто нема потреба од собирање потписи по фејсбук, затоа што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе седат во Собранието кое е единственото место каде се предлагаат и носат законите.
На крајот на краиштата еден попис не може да ја закрпи демографската дупка направена со децении, но може да биде основа за идите пописи да ги корегираат слабостите на сегашниот.

Прочитајте и...  Косовските политичари да учат од грешките на Милошевиќ

Поврзани вести

ВИДЕО | Биљали – Зендели: Еднаквоста меѓу мажите и жените започнува од домашното восптитување

Весна Тодоровска

Косовските политичари да учат од грешките на Милошевиќ

С.Р.

Влада: Бугарија не бара менување на Уставот, Владата секогаш ќе ги јакне правата на сите

Претседателот Пендаровски не гледа потреба од промена на Уставот

Соња Христовска Угриновска

Наскоро започнува реконструкција на фасадите на ЕСМ и Пелагонија

ВИДЕО | Новите згради на факултетите и после 6 години не се завршени, МОН допрва ќе бара нов изведувач

Алек Стојковски

Остави Коментар