Може ли Полска економски да ја достигне Германија и кога?

Фото: Профимедиа

Моментално БДП на Полска е нешто над 500 милијарди долари – додека на Германија е седум пати повеќе, околу три ипол билиони долари.

Стопанството на Полска забрзано расте. За десетина години ќе го достигне просекот на ЕУ. А за дваесетина Германија, очекува претседателот Јарослав Качински.

Има некои основи за оптимизам, но сепак дали се тоа само патриотски соништа?

Овој јануари немаше малку од оние во Германија кои останаа без зборови на најавата на полскиот лидер на владејачката партија Право и правда (ПиС) Јарослав Качински дека земјите во централна и источна Европа веќе во наредните дваесет години ќе ги достигнат земјите од западна Европа, пишува Дојче Веле.

На чело на тој економски подем секако би требало да биде неговата земја Полска. Нејзиното стопанство расте со голема брзина и 2040 година би требало да ја достигне најбогатата земја на ЕУ, Германија, очекува Качински. Сепак, некои економски експерти по тоа прашање тешко ја криеја насмевката на лицето: моментално БДП на Полска е нешто над 500 милијарди долари – додека на Германија е седум пати повеќе, околу три ипол билиони долари.

Брз раст по влезот во ЕУ

Кога Полска пред речиси 16 години влезе во ЕУ, таа беше една од најсиромашните земји на Унијата. Според куповната моќ, БДП по глава на жител изнесуваше само 14.800 евра годишно. Посиромашна беше само Летонија. Стапката на невработеност беше 19 проценти, а просечните месечни примања само околу 510 евра.

Оттогаш стопанството на Полска растеше околу 4 отсто годишно, повеќе од три пати побрзо од просечниот раст на членките на ЕУ кој изнесуваше околу 1,2 отсто. Во 2004 година БДП на Полска беше само 44 проценти од просекот во ЕУ, а 2018 година веќе 67 отсто.

И покрај овој голем успех Полска се уште е на 22 место од 27 земји – членки на ЕУ кога станува збор за БДП по глава на жител пресметано според куповната моќ. Во Полска БДП едвај е 26.000 евра, додека просекот на ЕУ е повеќе од 35.000 евра.

Друг огромен проблем е продуктивноста: ако се мери постигнувањето на нова вредност по работен чес, во Полска продуктивноста расте со стапка од четири отсто годишно, од 13 евра на час во 2004 година. Но во земјите на западот од ЕУ, просекот е некаде околу 40 евра на час. Значи, ако се зголеми продуктивноста Полска би успеала да стигне некаде до европскиот просек – но сепак би била уште далеку од ЕУ, пишува „Дојче веле“.

Тука е и проблемот со платите во Полска: во 2015 година просечниот работен час на ниво на ЕУ изнесува 25 евра, а во Полска само 8,60. Тоа значи дека Полска и натаму е една од „најевтините“ земји на Унијата, зошто продуктивноста од 2000 до 2016 година порасна за 51 отсто, а платите само за 33 проценти, според анализите на Светска банка.

Има сектори во кои Полска може најмногу да даде: козметичката и фамацевтската индустрија, дури и авио-сообраќајот. Полската авиокомпанија ЛОТ е новиот сопственик на германската компанија Кондор, некогашната чартер – фирма Луфтханза. А се гради и огромен аеродром кај Варшава.

Постојат две можни сценарија на развој до 2030 година. Во првиот модел, полската економија расте со околу 3 отсто годишно. До 2030 година полскиот БДП би пораснал за околу 190 милијарди евра.

Второто сценарио предвидува економски расте од 5 отсто, но во тој случај на пазарот на труд би биле потребни повеќе Полјаци, продуктивноста би се зголемила, а инвестициите значително ќе порасната. Само така полското стопанство до 2030 година би можело да порасне на околу 900 милијарди евра.

И двете сценарија се проследени со бројни ризици: Да има значително помалку луѓе способни за работа, да престанат ЕУ субвенциите побрзо отколку што се очекува или да нема странски инвестиции. Освен тоа, растот на продуктивноста ќе опадне ако не се подобри образовниот систем и нема подобра размена меѓу универзитетите и претпријатијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот