Може ли новата серија на Нетфликс да ја засени „Игра на престолите“?

ИМБД

По завршувањето на популарната „Игра на престоли“, за љубителите на епската фантастика Нетфликс ја подготвува серијата „Вештер“ (The Witcher), базирана на романите на Анджеј Шапковски и видеоигрите настанати според нив.

Хенри Кејвил, кој го глуми вештерот Гералт од Ривија на Инстаграм објавил дека снимањето завршило кон крајот на мај, а серијата би требала да биде достапна на Нетфликс наесен.

Дејствието е сместено во алтернативен средновековен свет и го следи Гералт, ловецот на чудовишта, односно вештерот кој од младоста е трениран да се бори со сите видови чудовишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот