Може ли Америка сè уште да го води НАТО?

Американска војска / Фото Архива на Слободен печат

Американскиот претседател Џо Бајден одржа моќен говор на отворањето на Самитот на НАТО во Вашингтон. Бајден во неговиот говор пред светот ја истакна својата решеност да ја поддржи Украина и ја нагласи обновената сила на Алијансата под негово водство.

Говорот што го означи почетокот на тридневните состаноци на лидерите на земјите од НАТО во главниот град на САД се покажа како значаен политички и геополитички тест за Бајден, кој мора да ги убеди скептичните гласачи и сојузниците дека сè уште е на висина на својата работа и покрај неговата поодмината возраст – анализира во една од последните свои текстови угледниот бриселски магазин Политико.

Во анализата на медиумот се посочува дека самиот Бајден претходно призна дека тој е свесен за зголемената загриженост за неговите сè почести и забележливи ментални „пропусти“ во последните месеци. Сепак, воведниот говор беше критичен чекор во убедувањето на странските лидери дека тој е на висина на задачата да ја води неговата држава за со тоа и НАТО алијансата.

Имено, магазинот „Геополитика“ на оваа тема пишува дека САД се главниот финансиски носител во НАТО, а Алијансата веќе подолго време се обидува да ги зголеми воените трошоци на другите членки, проблем за кој постојано сигнализираше претходникот на Бајден, Доналд Трамп.

Впрочем тоа беше и клучен тест за спас на неговата претседателска кампања по катастрофалната дебата против Доналд Трамп, што доведе многумина во неговата партија да се сомневаат во менталната способност на претседателот, забележува медиумот.

Семејно фото од Гала вчерата по повод 75-годишната од НАТО/Фото: EPA-EFE/Radek Pietruszka POLAND OUT

Во меѓувреме британски „Гардијан“ потстува дека Бајден ја искористи можноста да објави испорака на нови системи за противвоздушна одбрана во Украина, што е едно од клучните барања на Киев во моментов. Соединетите Американски Држави и четирите сојузници на НАТО – Холандија, Германија, Италија и Романија по говорот веднаш соопштија дека ќе распоредат четири системи за воздушна одбрана „Патриот“ и сродни компоненти, како и еден систем SAMP/T оваа година во Украина.

Самиот Бајден претходно призна дека е свесен за зголемената загриженост за неговите сè почести и забележливи ментални „пропусти“ во последните месеци. Воведниот говор беше критичен чекор во убедувањето на странските лидери дека тој е на висина на задачата да ја води НАТО алијансата. Имено, САД се главниот финансиски носител во НАТО, а НАТО веќе подолго време се обидува да ги зголеми воените трошоци на другите членки.

Тоа беше и клучен тест за спас на неговата претседателска кампања по катастрофалната дебата против Доналд Трамп, што доведе многумина во неговата партија да се сомневаат во менталната острина на претседателот – пишува The Guardian. Бајден ја искористи можноста да објави испорака на нови системи за противвоздушна одбрана во Украина, што е едно од клучните барања на Киев. Соединетите Држави и четирите сојузници на НАТО – Холандија, Германија, Италија и Романија – ќе распоредат четири системи за воздушна одбрана „Патриот“ и сродни компоненти, како и еден систем SAMP/T оваа година.

Нова вистинска помош за Украина или само празни ветувања?

Според најавите од отворањето на Самитот на НАТО во наредните месеци, Вашингтон и неговите партнери ќе испорачаат уште десетици тактички системи за воздушна одбрана за зајакнување на безбедноста на Украина, а слични најави се очекуваат и подоцна во текот на годината. Оваа нова помош ќе доведе до одложување на испораката на противвоздушни ракети во некои земји кои ги нарачале од американски компании, бидејќи приоритет ќе биде испораката во Украина.

Противвоздушен систем „патриот“ на полската армија – Фотографија ЕПА, Павел Супернак EPA-EFE/Pawel Supernak POLAND OUT

Како потврда на овие најави е впрочем и поентата на Бајден во говорот на Самитот кој нагласи дека „Украина може и ќе го запре Путин“, а Русија нема да ја победи Украина“. Претседателот беше јасен и силен, изгледаше енергичен додека зборуваше за трансатлантските односи што ги негува во текот на неговата долга политичка кариера, наведуваат аналитичарите.

По говорот на Бајден, лидерите на Холандија, Германија, Италија и Романија изјавија дека нивната порака до Москва и светот е јасна и дека се непоколебливи во поддршката за Украина. Овој потег го означува крајот на неколкумесечните напори предводени од САД за обезбедување системи за воздушна одбрана за Украина.

Во исто време додека се најавува нова помош за Киев, некои земји членки на НАТО не се подготвени да се разделат од своето софистицираното одбранбено оружје и да го предадат на Украина, барем не пред да добијат соодветна замена.

Зголемувањето на воздушната одбрана е високо на листата на приоритети на Украина, со оглед на супериорниот арсенал на Русија кој и дозволува да бомбардира градови и клучни воени цели.

Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за Политико изјави дека е задоволен што неговата земја ќе добие поголема поддршка, но нагласи дека испораката е „одложена“ на неодредено и требало да биде завршена многу порано.

Во контекст на можното враќање на Трамп на функцијата, американскиот претседател Бајден ја нагласи неговата силна посветеност на НАТО алијансата, предупредувајќи ги гласачите дека неговиот претходник би можел да ја напушти алијансата доколку се врати во Белата куќа.

Инаку во споредба со 2016 година, сојузниците на НАТО активно се подготвуваат за евентуално враќање на администрацијата на Трамп која е скептична кон НАТО. Претставниците на Алијансата го зголемуваат производството на оружје, се консултираат со советниците на Трамп и одржуваат состаноци за да се подготват за евентуалното враќање на поранешниот претседател, кој покажа воздржаност и скептицизам кон Европа а со тоа и кон Алијансата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот