„Може да заврши исто како со Астра-Зенека“: ЕК бара објаснување од „Џонсон и Џонсон“ за доцнењето на вакцините

Џонсон и Џонсон / Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Европската комисија бара објаснување од фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ за „целосно неочекуваната“ објава за одложување на испораките на вакцини за Европската унија, изјави за Ројтерс неименуван претставник на ЕУ.

Американската компанија денеска порача дека ќе ја одложи испораката на вакцини за Европа, а и дека ги разгледувала со Европската агенција за лекови (ЕМА) ретките случаи на појава на крвни згртучувања кај луѓето кои се вакцинирани со нивната вакцина.

„Џонсон и Џонсон“ ја одложува испораката на вакцини во Европа, откако се појавија неколку случаи на згрутчување на крвта

Претставникот на ЕУ рекол дека американската компанија потврдила состанок за петок на кој ќе се разговара за испораката на 55 милиони дози вакцини до крајот на јуни, како што било предвидено со договор.

-Европската комисија е во контакт со компанијата за да добие објаснување за доцнењето на испораката, додаде претставникот, кој барал анонимност бидејќи, како што навел, „разговорите се доверливи“.

Порпаролот на комисијата рече дека ЕУ ја разгледува ситуацијата, но засега нема коментар.

-Ова се загрижувачки вести, звучи дека се би можело да заврши исто како со „Астра-Зенека“, додаде дипломатот на ЕУ.

„Астра-Зенека“ ја намали испораката на вакцини за ЕУ од 300 милиони дози на 100 милиони до крајот на јуни, потсетува Ројтерс.

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ засега не коментираше дали доцнењето ќе влијае на договорените цели за испорака со ЕУ.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот