„Може да силуваш Украинки, ама користи заштита“ – објавен скандалозен разговор меѓу руски војник и неговата сопруга

Фото: Радио Слободна Европа

Скандалозен телефонски разговор во кој Русинка му кажува на својот сопруг, војник, дека му е дозволено да силува Украинки, беше тема на истражување на рускиот сервис на Радио Слободна Европа (RSE) и Schemes (истражувачки проект на украинскиот сервис на РСЕ).

Истражувањето покажало дека војникот Роман Бајковскиј (27) и неговата сопруга Олга Бајковскаја зборувале за силување на Украинки во разговорот кој го пресретнале украинските служби на 12 април.

Еве што зборувале тие, според РСЕ:

Бајковскаја: Значи, силувај Украинки. И не ми кажувај ништо. Дали разбираш? (се смее).

Бајковски: Да силувам и ништо да не ти кажам?

Бајковскаја: Да, важно е да не знам за тоа (се смее).

Бајковски: Значи смеам?

Бајковскаја: Да, можеш, но користи заштита.

РСЕ и Scheme ги добиле телефонските броеви на сопружниците од извори во украинските безбедносни служби и ги пронашле профилите на Бајковскиј и неговата сопруга на социјалните мрежи, пишува Радио Слободна Европа. Фотографиите од социјалните мрежи покажуваат дека Роман е припадник на руските вооружени сили.

РСЕ стапило во контакт со Бајковскиј, кој го потврдил неговиот идентитет и рекол дека се наоѓа во Крим, но негирал дека го водел спорниот разговор. Олга Бајковскаја вели дека нејзиниот сопруг е ранет и сега е во болница. И двајцата не сакаше да одговори на другите прашања.

Но, и покрај тоа што Бајковскиј и неговата сопруга негираа дека разговарале на телефон за силување на Украинки, истрагата на RSE и Scheme откри дека нивните гласови се совпаѓаат со оние што ги снимиле украинските безбедносни служби.

Дури и да станува збор за некаква шега, снимката од телефонскиот повик се појави во услови на зголемен број тврдења на Украинки дека биле силувани од руски војници за време на инвазијата, заклучува Радио Слободна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот