„Може да се случи голема експлозија среде Европа“: Лавров вели дека на Косово состојбата е алармантна

Сергеј Лавров/ Фото Grigory Sysoev / Sputnik / Profimedia

„Ситуацијата на Косово е алармантна, може да се случи голема експлозија во центарот на Европа“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за новинарите во Кенија.

-Тие ги прекршија сите принципи на Хелсиншката повелба и другите документи на ОБСЕ. Ситуацијата е алармантна, но Западот тргна по патот на тоталното потчинување на секој кој на кој било начин го изразува своето мислење, нагласи Лавров, пренесува РТС.

Голем број припадници на КФОР со опрема за разбивање демонстрации од утрово беа распоредени во близина на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, на северот на Косово, каде се собраа жители од српска националност. Според КФОР, Србите неиспровоцирани ги нападнале војниците, кои одговориле на нападите со гумени куршуми и шок бомби. Повредени се 25 припадници на КФОР.

Од друга страна, српските медиуми од Косово јавија за најмалку 50 повредени граѓани, меѓу кои еден се бори за живот, како и дека дел од нив не се погодени со гумени куршуми, туку имаат рани од боева муниција, односно од огнено оружје.

Меѓународната заедница, САД и ЕУ, порачаа веднаш да запрат насилствата и да се смират тензиите во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот