Моторциклист повреден во сообраќајка кај „Илинденска“

Фото: МВР

Минатата вечер во 21 часот и 20 минути, во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил 23-годишен моторциклист (Ј.Р) информираат од МВР. Незгодата се случила на  крстосницата од улицата „Бледски договор” и булеварот „Илинден”. Според пријавата, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сузуки” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(28) од Скопје, и мотоцикл “глаз” со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Р.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот