Мотор ја освежи СЕХА: Украинците „љубоморни“ на Вардар!

Фото: seha-liga.com

Мотор Запорожје, во чии редови до сега настапуваше нашиот репрезентативен пивот Жарко Пешевски, ги договорил сите детали на средбата во Виена со претседателот на СЕХА, Михајло Михајловски.

– Ова е заемно корисен договор, бидејќи СЕХА ќе има тим кој редовно игра во ЛШ и доаѓа од голема земја, Украина. Ова освежување е добро за ракометот, СЕХА и Мотор кој одлично ќе се вклопи, поради новиот натпреварувачки систем во кој ќе имаме две групи од по шест тимови. Мотор ќе игра следната сезона во СЕХА која секоја година станува сè подобра – рече Михајловски.

Претседателот на украинскиот клуб, Олимпиј Покатов е сигурен во искуството кое ќе се добие на ваквите регионални мечеви.

– Нова страница во историјата на нашиот клуб. Една лига со силни извонредни противници. Мотор е амбиоциозна екипа и сакаме да бидеме учесници на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Ако сакаме да напредуваме, мораме да стекнеме искуство од натпреварите со најдобрите тимови – се зборовите на Покатов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот