Мотоциклист и велосипедист повредени во Скопје

Фото: МИА

Возач на мотоцикл и велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 15 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден. Во осум со полесни повреди се здобиле 12 лица. Во пет била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 27 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 20 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и тројца почетници, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, 17 возачи за не носење заштитен шлем, 10 возачи за не  користење сигурносен појас и девет возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 63 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети биле 46 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот