Мотоцикл повреди петгодишно девојче во Струмица

Фото: МИА

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Петгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од мотоцикл во Струмица.

Вчера во 20.30 часот било пријавено дека во село Банско, струмичко, моторцикл „хусун“, без регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот Ш.И. од село Банско удрил во девојче пешак на возраст од пет години од село Банско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во медицинскиот центар Струмица, каде било пренесено за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот