МОТО ГП: Сензационален триумф на Квартараро во Доха

epa08804053 French MotoGP rider Fabio Quartararo of the Petronas Yamaha SRT team in action during the free practice session of the Motorcycling Grand Prix of Europe at Ricardo Tormo circuit in Cheste, eastern Spain, 07 November 2020. The Motorcycling Grand Prix of Europe will take place on 08 November 2020. EPA-EFE/Kai Foersterling

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро триумфираше на трката за Големата награда на Доха, која е втора трка сезонава во Мото ГП шампионатот.

Ова беше прва победа за младиот Французин откако е возач на фабричкиот тим на Јамаха, а вкупно четврти во кралската класа. Тој низ целта помина со речиси една и пол секунда предностг во однос на второпласираниот Жоан Зарко од Прамак Дукати кој пак во фото-финшот беше побрз од тимскиот колега Хорхе Мартин. Зарко стана првиот француски возач кој 50. пати се нашол на победничкиот подиум во сите класи.

Квартараро и Зарко станаа првите Франзуци кое заедно се на победничкиот подиум во кралската класа за прв пат од далечната 1954 година.
Квартараро до победата дојде во последните кругови, откако првиот дел беше речиси неприметен. На пет кругови до крајот, возачот на Јамаха го претекна Зарко и почна со нападите на лидерот Мартин кој водеше во трката од самиот почеток.
И двајцата возачи се менуваа во водство, но по последното престикнување на Квартараро стана јасно дека Мартин нема да може да го следи ритамот на ривалот, а и дека тешко ќе го задржи и второто место. Во самиот финиш на стартно целната линија, Зарко го помина Мартин, а четвртото место му припадна на Алекс Ринс од Сузуки, додека Маверик Вињалес кој славеше на првата трка во новата сезона заврши на петтото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот