Мото ГП: Прекината серија на Квартараро, Зарко на пол позицијата во Германија

epa09285618 French MotoGP rider Johann Zarco of the Pramac Racing team in action during the qualification session of the Motorcycling Grand Prix of Germany at the Sachsenring racing circuit in Hohenstein-Ernstthal, Germany, 19 June 2021. The Motorcycling Grand Prix of Germany takes place on 20 June. EPA-EFE/FILIP SINGER

Возачот на Дукати, Жоан Зарко ќе ја започне утрешната трка за Големата награда на Германија од пол позицијата. Франзускиот мотоциклист по јубилеен 25 пат ќе стартува од пол позицијата, а по шести пат во кралската класа.
Зарко најбрзото време го постави во завршницата од квалификациите и тоа изнесува 1:20.236 минути, за потоа да падне.

Со освојувањето на пол позицијата на Зарко, прекина серијата на возачот на Јамаха, Фабио Квартараро кој на претходните пет трки стартуваше од првата позиција.
Второто место во квалификациите му припадна на Квартараро кој долго време имаше најбрзо време, но во завршницата Зарко за 11 илјадити делови од секундата беше побрз.
Третото место го освои Алеш Еспаргаро, а потоа следат Џек Милер, Марк Маркес и Мигел Оливеира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот