Мото ГП: Поништен најбрзиот круг на Бањаја, пол позицијата за Вињалес
Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка која ќе вози на патеката Марко Симончели.
Вињалес до пол позицијата дојде благодарение на киксот на возачот на Прамак Дукати, Франческо Бањаја кој имаше најбрз круг.
Имено, најдоброто време на Бањаја беше поништено од страна на судиите бидејќи во еден момент излезе од патеката и поради тоа на утрешната трка ќе стартува од петтата позиција.
Another Saturday stormer for @mvkoficial12! ?
Back-to-back Misano pole positions! ⏱️⏱️#EmiliaRomagnaGP ? pic.twitter.com/d5NRgsNSaU
— MotoGP™? (@MotoGP) September 19, 2020
Најдоброто време на Вињалес изнесува 1:31.077 минути, а во првиот ред друштво ќе му прават Џек Милер од Прамак Дукати и возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро.
Во вториот стартен ред, покрај Бањаја ќе бидат и возачите на КТМ, Пол Еспаргаро и Бред Биндер.