Мото ГП: Марк Маркез најбрз во Ле Ман

EPA-EFE

Шпанскиот натпреварувач го освои првото место пред тандемот од Дукати, Андреа Довициозо – Данило Петручи, а зад нив во конечниот пласман се најдоа Џек Милер од Прамак Дукати и Валентино Роси од Јамаха.

Маркез ја имаше „пол“ позицијата и беше одличен на денешниот старт. Воедно ова беше 300. јубилејна победа на фабричкиот тим на Хонда во кралската класа.

Единствено изненади моментот кога во третиот круг беше престигнат од Милер на третата кривина, но неговото водство траеше само два круга и на истото место Маркез се врати на челната позиција.

Од останатите возачи треба да се одвои и Пол Еспаргаро кој на КТМ го обезбеди високото шесто место и Франко Морбидели кој продолжи со одличните настапи во текот на оваа сезона во Мото ГП со Петронас Јамаха.

Наредната трка од шампионатот ќе се вози на 2. јуни во легендарниот Муџело, за ГН Италија.

Моментно на табелата води Маркез со 95 бодови, пред Довициозно кој има 87. Трет е Ринс (75), три повеќе од Роси, а на петтата позиција е Петручи со 57.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот