МОТО ГП: Бањаја ги издржа нападите на Квартараро за триумф во Мизано

Бањаја дојде до втората победа по ред во кралската класа/ Римини, Италија/18. септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/DANILO DI GIOVANNI

Визачот на Дукати, Франческо Бањаја триумфираше на трката за Големата награда за Сан Марино и Римини која е 14 трка сезонава во Мото ГП шампионатот.

Италијанецот Бањаја на домашен терен, на патеката „Марко Симончели“ дојде до втората победа по ред и до втората победа воопшто во кралската класа.

Бањаја до победата дојде во неизвесен финиш откако успеа да ги издржи нападите на Фабио Квартараро во последните два круга и да триумфира до 364 илјадити делови од секундата.

На третото место се најде возачот на Авинтија, Енеа Бастијанини кој исто така го оствари најдобриот пласман во кралската класа, додека четврти беше седумкратниот шампион Марк Маркез.

Видео на денот