Мотивирачки обуки за студентите на УКИМ

УКИМ
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Заврши првата серија обуки посветени на почеток на градење професионална кариера, организирани од Универзитетскиот центар за кариера на Универизтетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје заедно со THRIVITY Кариерен центар

Како што соопшти УКИМ, од 13 до 19 јули беа организирани обуки на тема „Прво вработување? Дознај како да се подготвиш” и „Те повикаа на интервју, дознај како да успееш на интервју за работа”.

Обуките составени од бесплатни интерактивни сесии и предавања посветени на првите чекори во градење професионална кариера ги водеа професионалци во областа на човечките ресурси, а се посветени на тукушто дипломираните студенти и студенти во завршните години на Скопскиот универзитет.

 – Имавме одлично искуство со првата серија на обуки кои ги организираше Универзитетскиот центар за кариера на УКИМ и THRIVITY Кариерниот центар. Овие предавања особено се значајни за нас студентите за да можеме успешно да ги почнеме  нашите професионални кариери. Имавме многу прашања и инспириравме креативни дискусии кои ќе ни бидат особено од полза, затоа што доаѓаат од професионалци кои имаат големо искуство. Следните обуки кои се во план ќе бидат надградба на веќе поставените основи, изјави Ева Цветковска, претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Програмата ја отвори ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а учесниците ги поздрави и раководителот на Универзитетскиот центар за кариера на УКИМ, проф.д-р Јасмина Тониќ-Рибарска која активно учествуваше и во дискусиите.

Покрај обучувачите на THRIVITY Кариерен центар, на обуките се придружија и гостите предавачи Стефан Јовановски – менаџер за човечки ресурси на телекомуникацискиот оператор А1 и Марија Кокаловска – координатор за човечки ресурси на INDITEX Македонија, кои со студентите ги споделија своите лични искуства  и гледишта во градењето на кариерата.

Сите четири модули постојано ги следеа 150 учесници, кои добија сертификати за учество.

Втората серија на обуки  Универзитетскиот центар за кариера на УКИМ заедно со THRIVITY Кариерен центар ја најавуваат за во септември, кога ќе се осврнат на аспектите поврзани со вмрежувањето и професионалниот и личниот развој. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот