Мотивација пред баражот: ФК Вардар добива еден милион денари од Општина Кисела Вода

Фото: ФК Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар го чека баражот против Скопје во кој в сабота ќе игра за враќање во Првата лига, а пред овој дуел фудбалерите и стручниот штаб добиле одлична мотивација.

Имено, Општина Кисела Вода одлучи да помогне на вардарци со донација од еден милион денари. Според најавите, парите веднаш ќе бидат префрлени на сметките на фудбалерите и стручниот штаб пред бараж дуелот.

Скоро цела сезона фудбалерите на Вардар играа без плата и основни услови за натпреварување, но и во таква ситуација успеаа да завршат на третата позиција со која обезбедија бараж.

Противник во баражот на Вардар ќе му биде Скопје кој ќе игра за остане во друштвото на најдобрите.

Неодамна Вардар доби помош и од Општина Аеродром со тоа што доби дозвола да користат еден од фудбалските терени во општината за тренинзи и натпревари.

„Комити“ и Муцунски: Фудбалскиот клуб Вардар добива нов спортски терен во Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот