Мотив плус пред Светското првенство: РФМ ги одреди премиите за ракометарите

Фото:: РФМ

Македонската ракометна репрезентација ја очекува настапот на Светското првенство во Полска и Шведска, а сега Ракометната федерација на Македонија ги одреди премиите за успех на турнирот.

Нема да биде лесно, ракометарите се во група со Норвешка, Холандија и Аргентина. Премијата која може да ја добијат ракометарите за пласман во следната фаза е од 30.000 до 60.000 евра во зависност од учинокот во групата.

Пласман со една победа во групата на Лазаров и друштвото им носи премија од 30.000 евра, за две победи се обезбедени 45.000 девра, а премијата од 60.000 евра е за прво место и три победи.

Репрезентацијата утре патуваат за Краков, додека првиот натпревар го играме во петок од 20:30 часот против Норвешка која е најголемиот фаворит во групата.

Распоредот на мечевите од прелиминарната фаза на Светското ракометно првенство во Полска и Шведска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот