МОТ и УНИЦЕФ: Милијарда и пол деца без семејна или детска помош

УНИЦЕФ/ Фото: МИА

Неодамнешното заедничко истражување на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) покажа дека повеќе од 160 милиони деца се работно ангажирани во светот, што значи едно од десет деца на возраст од пет до 17 години.

Се проценува дека поради растот на сиромаштијата и социјалната загрозеност, тој број до крајот на годината би можел да се зголеми за уште 8,9 милиони.

„Социјалната заштита ја намалува сиромаштијата и ранливоста на семејството – клучни причини за детскиот труд”, се вели во соопштението на МОТ и УНИЦЕФ, додавајќи дека „премногу мал напредок е постигнат во обезбедувањето на сите деца да уживаат социјална заштита”.

Во светот, 73,6 отсто, или приближно 1,5 милијарди деца на возраст под 14 години, не добиваат семеен или детски паричен надоместок, така што МОТ и УНИЦЕФ велат дека големиот социјален јаз мора брзо да се елиминира.

„Владите можат да спроведуваат политики за подобрување на социјалната заштита, но ако креаторите на политиките не постапат решително, пандемијата COVID-19, актуелните воени конфликти, растечката сиромаштија и климатските промени само ќе ја зголемат распространетоста на детскиот труд”, се вели во студијата, пренесува Бета.

Со цел да се елиминира детскиот труд, МОТ и УНИЦЕФ дефинираа голем број препораки, вклучително и проширување на социјалната заштита на две милијарди работници во неформалната економија, изградба на интегрирани системи за социјална заштита и надградба на политичката посветеност за ставање крај на детскиот труд, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот