Мост во Тузла ќе го носи името на Ѓорѓе Балашевиќ

youtube

Мост во Тузла го доби името на Ѓорѓе Балашевиќ, само неколку дена откако легендарниот музичар почина на 68-годишна возраст.

Иницијативата на Синан Алиќ, претседател на Фондацијата „Истина, правда, помирење“ од Тузла да се именува улица или површина по Балашевиќ, денес го доби својот епилог, пишува „Dnevni avaz“.

Мојата иницијатива беше поддржана од многу луѓе, а Саед Башиќ предложи мостот што ги поврзува Градскиот парк и Панонското езеро да го носи името Ѓорѓе Балашевиќ“, вели Алиќ.

Меѓутоа, за мостот да биде официјално именуван по Балашевиќ, потребна е согласност од Градскиот совет, што е постапка што може да трае со месеци.

Ќе се усвои. Ѓорѓе Балашевиќ ги поврзуваше луѓето како и овој мост. Ова е благородна идеја“, вели Екрем Хаџиќ Сосо, музичар од Тузла.

Плакетата со натпис „Мост на панонскиот морнар – Ѓорѓе Балашевиќ“, беше откриена од две девојчиња, а насобраните граѓани го поздравија овој потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот