Москва: Западот е виновен за глобалната закана по безбедноста на храната

Марија Захарова / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзината инвазија на Украина претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната, а за неа ги обвини западните санкции.

Западни лидери претходно обвинија дека поради војната во Украина, блокирани се главните пристаништа во земјата на Црното Море, што сериозно влијае на синџирите за снабдување со храна ширум светот. Украина е главен извозник на пченица, но сега милиони тони жито се заглавени.

„Обидите на Западот сите неволји да ги припише на специјална воена операција и да ја обвини Русија за блокирање на странски бродови во пристаништата на Црното и Азовското Море се апсолутно неосновани“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

„Главниот катализатор за постојните негативни трендови беа антируските санкции на Западот, што доведе до прекин на врските во областа на глобалната логистичка и транспортна инфраструктура“, рече таа. Зголемувањето на цените на земјоделските производи започна во 2020 година и во никој случај не е резултат на специјална воена операција во Украина, тврди таа, говорејќи и за кризата со ковидот.

Пандемијата сериозно ги наруши синџирите и значително ги зголеми трошоците за услугите за транспорт на храна, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот