Москва: Во ракетен напад убивме 50 украински генерали и офицери

Руски војници / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија тврди дека нивната воена офанзива насочена кон украинскиот град Северодоњецк во источна Украина „успешно се развива“.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руските сили ја окупирале населбата Метолкине во источните предградија на Северодоњецк.

„Офанзивата во правец на Северодоњецк се развива успешно“, рече Конашенков.

Тој додаде дека руските сили го погодиле командниот центар на украинската армија во регионот Днепро со крстосувачки ракети со долг дострел, при што загинале повеќе украински генерали и офицери.

„Како резултат на нападот, беа уништени повеќе од 50 генерали и офицери на вооружените сили на Украина, вклучително и Генералштабот, командата на трупната група Каховка, трупи за воздушен напад и формации кои дејствуваа во насока на Николаев и Запорожје, рече тој. Во тој момент имало работен состанок на командниот штаб на оперативно-стратешката група на воената група ‘Александрија’“, појасни портпаролот.

Оваа информација не може да биде потврдена од независен извор.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот