МОСКВА ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Американски шпион со години работел во близина на ПУТИН (ВИДЕО)

Во непосредна близина на рускиот претседател Владимир Путин, неколку години бил агент на ЦИА. Тој работел во руската амбасада во САД, кога веројатно бил врбуван, а потоа во претседателската администрација. Во 2017 година, Американците стравувајќи да не биде откриен, бидејќи претпоставиле дека Русите го следат, заедно со неговата фамилија – сопругата која работела во руската влада и трите деца, преку Црна Гора, биле „повлечени“ во САД.

Тој таен ЦИА шпион, како што наведуваат американските и руските медиуми, најверојатно е Олег Смоленков. Тој имал статус на „државен советник од трет ранг“, што е еквивалентен на воен чин на генерал.

А сега следи најинтересниот дел на новата шпионска сага од руско-американското шпионско надмудрување: виновникот за повлекување на еден од најкорисните шпиони на ЦИА од најблиското опкружување на Путин бил американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој, наводно, во разговор со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изгледа се пофалил со супертајна информација, која ја добиле од својата вреден и доверлив руски крт. Русите изгледа биле малку изненадени од каде Трамп ја знае таа информација. ЦНН, кои откриле се тоа, велат дека Трамп во тој разговор со Русите изнел уште некои доверливи информации за така наречената Исламска држава, кои преку тајни канали ги добиле од Израел – па очигледно почнале да пребаруваат. ЦИА тогаш, за секој случај, одлучила да го евакуира својот вреден агент, за да не падне во раце на „своите“.

Трамп и Лавров разговарале во 2017 година во Белата куќа, а потоа се се одвивало како во шпионски трилер. Наводно, потоа Олег во јуни заминува со својата жена и три деца во Црна Гора на летување. Од таму им се губи секоја трага. Русите не креваат голема бука. Американците не зборат ништо. Црногорците можеби не знаат ништо за се. Никој, јавно, не поставува прашање каде исчезнала фамилијата на високиот руски функционер кој имал пристап и до работниот стол на Путин.

На почетокот на септември во 2017 година во Москва се отвора случај на „убиство“, но не повеќе. Според информации на ЦНН, тој на Американците знаел да им прати доверливи документи од папката на Путин. Една таква информација е дека Русите на американските претседателски избори „типувале“ на Трамп, па ги хакирале компјутерите на Демократската партија. Наводно, тој пратил информации според кои Путин лично дал налог за тоа да биде направено.

Смоленков со фамилијата, според информации на НБЦ, е сместен блиску до Вашингтон, во прилично отмена вила. Московски Комерсант, повикувајќи се на страницата за продажба на куќи Вашингтон Пост, наведува дека Олег и Антонија Смоленков во 2018 година во градот Стафорд во Вирџинија купиле куќа од 760 квадратни метри на имот од 1,2 хектари за 925.000 долари. Денеска нивната куќа е под заштита, а новинарите на НБЦ кои сакале да ја снимаат куќата, брзо биле испратени од неколку „млади луѓе“.

Претставничката на ЦИА, Британи Брамел изјавила дека информациите на ЦНН се невистинити, односно дека се „нагаѓања како Доналд Трамп невнимателно предал информација на Русите“, која довела до „спасување на агентот“, неточни. Самиот Трамп изјавил за тоа дека „немам поим“, а потоа дека ЦИА „одлично одговорила“. Русите тврдат дека се тоа се „лажни вести“ и „американска параноја“.

Како и да било, Олег Смоленков работел во близина на Путин, имал пристап на тајни информации, па потоа исчезнал и се појавил во САД, а тоа не предизвикало бура во јавноста. Очигледно нешто тука има, но и на Русите и на Американците, односно ЦИА и ФСБ, може да им е подеднакво неудобно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот