Москва со став за тензиите на Косово, повика на смирување на ситуацијата меѓу Белград и Приштина

Песков и Путин
Рускиот претседател Владимир Путин и потпаролот на Кремљ, Дмитри Песков/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Кремљ денеска повика на надминување на тензиите меѓу Белград и Приштина со „дипломатски средства” и побара „гарантирани права” за Србите во Косово.

„Ние се залагаме страните да вложат напори за мирно решавање на ситуацијата преку дипломатски средства”, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Москва исто така се залага за „загарантирани права на Србите”.

Тензиите се зголемија минатиот викенд на северот на Косово, кога дојде до размена на оган меѓу неидентификувани вооружени лица и беше фрлена шок-бомба врз членови на извидничка патрола на Мисијата на Европската унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС).

Барикади беа поставени и на граничните премини поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот