Москва предупредува дека ризикот од општ вооружен конфликт во Украина е исклучително висок!

Лице со заштитна опрема кое работи како доставувач пешачи на празна улица во центарот на Москва / април 2020, Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Ризикот од општ вооружен конфликт во југоисточна Украина е исклучително висок и станува предмет на сериозна загриженост за Русија, предупреди Москва. Дополнителни тензии за Москва преставува и , како штп соопшти наведената цел на Украина за повторно преземање на полуостровот Крим, кој Москва го анектира во 2014 година, украинско настојување кое претставува „директна закана” за Русија.

– Го гледаме ова како директна закана за Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Изминатите денови екалираа тензиите во односите меѓу Русија и Украина.Претседателот Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни директни разговори со Русија за да се стави крај на војната во источниот регион на Донбас против силите поддржани од Москва.

Москва вчера започна нова рунда воени вежби во близина на нејзиниот јужен регион , во близина на украинската граница, а руското министерството за одбрана соопшти дека вежбите ќе се одржат на Крим,и во регионот што се граничи со Донбас, дел од источна Украина под контрола на руските сепаратисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот