Москва: Одлуката на Франција, Велика Британија и Германија за Иран може да предизвика нови ескалации

„Не исклучуваме дека непромислената акција на Европјаните би можела да доведе до нови ескалации во врска со договорот за иранскиот нуклеарен програм и ќе ја оневозможат неговата примена во почетно договорените рамки“, наведе руското Министерство за надворешни работи преку соопштение.

Русија ја критикуваше „непромислената и длабоко разочарувачка“ одлука на европските земји (Франција, Велика Британија и Германија) за стартување на механизмот за решавање на спорови кој е дел од меѓународниот договор за иранскиот нуклеарен програм од 2015 година.

– Не исклучуваме дека непромислената акција на Европјаните би можела да доведе до нови ескалации во врска со договорот за иранскиот нуклеарен програм и ќе ја оневозможат неговата примена во почетно договорените рамки – наведе руското Министерство за надворешни работи преку соопштение.

Москва рече дека не гледа „никаква причина за таква постапка“.

– Механизмот за решавање на спорови е воспоставен за сосема други причини. Причините за потешкотиите во примената на договорот се општо познати и немаа врска со Иран, туку со САД кои еднострано се повлекоа од договорот во 2018 година и наметнаа нови санкции за Техеран – додаваат од руското МНР.

Прочитајте и...  Шарчевиќ: Нема да има кабинетска настава во Србија, учениците со маски и ќе има повеќе модели за избор во училиштата

Руското МНР стои до тоа дека иранската нуклеарна програма „останала под стална контрола на ИАЕА“.

– И покрај сите предизвици, нуклеарниот договор не изгуби на важност. Се залагаме за неговото систематско спроведување, во согласност со договорените параметри во 2015 година – продолжуваат од руското МНР, кое бара од Европа да не ја отежнува ситуацијата.

Франција, Велика Британија и Германија, во спротива на договорот од 2015 година, денес го активираа механизмот за решавање на спорови предвиден во договорот во случај на кршење на обврските.

На 5 јануари Техеран ја најави петтата и последна фаза од својот план за намалување на иранските обврски во договорот со излегувањето на САД во 2018 година, и воведувањето на тешките американски санкции кои ја гушат нејзината економија.

Прочитајте и...  Италија ќе обезбеди 95 милиони евра за санирање на последиците од земјотресот во Албанија

Прочитај повеќе

Фејсбук отстрани повеќе од седум милиони објави со лажни информации за коронавирусот

Слободен печат

Автобуските превозници задоволни од измената на протоколот за исполнетост на капацитетите на возилата

МИА Агенција

Полска ја продолжува забраната за летови до балканските дестинации и Скопје

Слободен печат

И Јанушев се откажа од патните трошоци

МИА Агенција

Ученик во Берлин позитивен на коронавирусот, цело одделение во изолација

Слободен печат

Од сабота четврта фаза на прскање против комарци во Скопје

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дете од Сараево заразено со коронавирус, се обидело да се убие пиејќи киселина

Слободен печат

Над 50 лица се повредени во синоќешните протести во Белорусија

Слободен печат

Србија ќе воведе задолжителен ПЦР тест и 14-дневна изолација за странците

Слободен печат

Пропадна средбата на албанските лидери на денот на Охридскиот договор како што сакаше Ахмети

Весна Тодоровска

И понатаму ќе се транзитира низ Македонија без ПЦР тест

Мирослава Бурнс

Преговорите за идеален наставен модел од септември продолжуваат, МОН инсистира на часови со физичко присуство

Михаило Донев