Москва: Нема возење автомобил без посебна пропусница

Москва, Русија EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Секој што сака да вози автомобил во Москва, ќе мора да побара дозвола, изјави синоќа градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собијан, додавајќи дека за пешаците се уште не е неопходна пропусница.

Припадници на руската полиција патролираат во центарот на градот / 11 април 2020 / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

„Потпишав декрет со кој се бара секој автомобил во Москва и московскиот регион да има дозвола. Дозволата исто така може да се добие преку интернет од понеделник. Оваа одлука влегува во сила в среда”, нагласи градоначалникот.

Почнувајќи од 15 април, во Москва ќе може да се патува со какви било превозни средства, вклучувајќи такси, приватни автомобили, па дури и велосипеди и скутери, само со дигитална пропусница или службена легитимација добиена од специјални служби, како што се медицински професионалци , полиција, војска, пожарникари, новинари.

Лице со заштитна опрема кое работи како доставувач пешачи на празна улица во центарот на Москва / 11 април 2020, Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Според одлуката на градските власти, не е дозволено да се напушта домот без посебна потреба.

Последниве денови, бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија е во голем пораст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот