Москва ја смета украинската област Херсон за дел од Русија

Фото EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Рускиот вицепремиер Марат Хуснулин синоќа ја посети областа Херсон во јужниот дел на Украина, притоа изјавувајќи дека таа ќе заземе вредно место во руското семејство.

Регионот околу пристанишниот град ќе заземе „вредно место во нашето руско семејство”, рече Хуснулин.

Од 1 мај во тој украински регион Русија ја воведе руската рубља како официјална валута, а пред неколку дена локалната власт инсталирана од Русија ги објави плановите да побара од Москва право да стане дел од Руската Федерација.

Регионалниот проруски вицепремиер Кирил Стремусов рече дека нема да има референдум и нема опција регионот да стане република. Неодржувањето на референдумот го оправда со тоа што изјаснувањето на населението од полуостровот Крим одржано во 2014 година, не е меѓународно признаено.

Од друга страна, украинската Влада е убедена дека русификацијата на регионот Херсон нема да успее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот