Москва ја обвини Украина дека извршила прекуграничен напад на руска територија

Руска војска/ Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Руската војска тврди дека го одбила упадот на 300 украински  војници кои успеале да влезат  шест милји во пограничниот регион Курск.

Москва соопшти дека околу 300 војници од Украина извршиле прекуграничен напад во досега мирниот дел на фронтот, со извештаи за борби на 10 километри длабочина на руска територија.

Министерството за одбрана на Москва соопшти дека  „300 украински милитанти“ од 22-та механизирана бригада на Украина го започнале нападот во 8 часот, поддржани од „11 тенкови и повеќе од 20 оклопни борбени возила“.

Украина артилерија EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Борбите се воделе во текот на денот меѓу пограничните села Николаево-Дарино и Олешња во регионот Курск, и се прошириле на руска територија  на 10 километри од линијата на фронтот – каде што украинските тенкови уништиле два руски воени камиони.

Иако Русија тврди  дека го одбила упадот, извештаите од руските воени блогери и сликите на социјалните мрежи покажаа дека украинскиот напад бил суштински и со цел, иако не е јасно што била намерата на овој напад.

Рибар, популарен руски воен блогер,  тврди дека во регионот Курск и натаму траат борбите  кои се водат во пограничните области. „Судејќи според најновите снимки, украинските формации успеале да напредуваат во длабочина на руската територија“, напиша блогерот.

Ова тврдење е во спротивност на тврдењата на руското Министерство за одбрана дека бил одбиен украинскиот напад.

„По претрпените загуби, украинската диверзантска група се повлече на нејзината територија, додека некои од борците се обидоа да ги  зацврстат своите позиции  директно на територијата во непосредна близина на државната граница, каде што беа блокирани од единиците на руската армија“, се вели во соопштението на Министерството.

Тенк „Челинџер“, дониран од Британија за украинската војска / фото: Украинско министерство за одбрана

Воените аналитичари како една од  можните цели  на овој  напад го посочуваат обидот на Украина, чија одбрана е затегната, да пренасочи некои руски сили да бранат дел од линијата на фронтот кој во голема мера е неактивен од пролетта 2022 година – и исто така да го зајакне борбениот морал.

Сепак, критичарите во Украина тврдат дека таквите напади немаат  долгорочна употребна воена цел. Во март годинава руските герилски групи кои се борат против Кремљ  започнаа напади од украинска територија  во регионите Белгород и Курск во март, но беа одбиени од руските трупи  без остварена  стратешка корист.

Претходно, Алексеј Смирнов, вршител на должноста гувернер на областа Курск, рече дека руските војници и силите на ФСБ го одбиле украинскиот напад и дека тројца руски цивили биле убиени, а 18 други биле ранети.

Русија соопшти дека започнала воздушни напади врз украинскиот оклоп, а резервните сили биле преместени да ја зајакнат линијата на фронтот и уништила 16 оклопни единици на напаѓачите, вклучително и шест тенкови.

Загубите на двете страни не можеа да се проверат и првичните извештаи за жртвите на бојното поле честопати  преувеличени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот