Москва: Изградбата на Северен тек 2 ќе бида завршена и покрај санкциите а САД

Недозволиво е Америка да и диктира услови на Русија во земјите на Европската унија, вели Шеремет.

Претседателот на Државната Дума на Русија, Михаил Шеремет, изјави дека и покрај отпорот и санкциите кои доаѓаат од САД, Москва има намера да ја заврши изградбата на гасоводот Северен тек 2.

Тој додава дека сите обиди за спречување на неговата реализација ќе завршат жалосно.

– САД не се во состојба да ја запрат изградбата на Северен тек 2. Гасоводот ќе биде завршен и покрај противењето и санкциите. Поранешното влијание на САД врз европските земји е завршено. Обидот Америка да ја спречи изградбата ќе заврши жалосно за нив, истакна Шеремет.

Според неговите зборови, недозволиво е Америка да и диктира услови на Русија во земјите на Европската унија.

– Русија научи ефикасно да и се спротиставува на Америка и сите нејзини обиди да го спречат нејзиниот развој. Сега е време кога САД треба да научат да ги решаваат сите прашања на преговарачка маса и да не им ги наметнуваат на другите земји своите интереси. Времето на американската диктатура и хегемонија во светот помина. Време е тие да ја земат предвид новата реалност, додава претседателот на руската Државна Дума.

Американскиот Стејт департмент Северен тек 2 и Турски тек ги вклучи во проектите врз кои би можело да бидат спроведени санкции. Овие мерки претходно ги најави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Потоа се огласи компанијата Норд стрим 2, истакнувајќи дека доколку гасоводот не биде завршен Европјаните ќе мора да плаќаат многу поскап гас. Компанијата додаде дека заканите на Стејт департментот се одраз на непочитување  на интересите на европските индустрии.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот