Москва и Анкара тврдат дека во Сирија имало околу 200 случаи на кршење на примирјето

Фото: МИА

Руски и турски набљудувачи известија за околу 200 нарушувања на прекинот на огнот во Сирија во изминатите 24 часа, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Руската страна на комисијата регистрираше 108 случаи на отворање оган во провинциите Латакија (30), Алепо (48) и Идлиб (30)”, се вели во соопштението.

Турската страна, наводно, регистрирала 89 случаи на кршење на примирјето во провинциите Алепо (53), Идлиб (34) и Латакија (2), пренесува ТАСС.

Четири зони за примирје се воспоставени во Сирија врз основа на договор, гарантиран од три земји – Русија, Иран и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот