Москва и Анкара планираат нова серија на консултации за ситуацијата во Идлиб

Фото: Профимедиа

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган минатата недела изјави дека се надева оти ќе се сретне со лидерите на Русија, Германија и Франција и ќе разговара за ситуацијата во сириската покраина Идлиб.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска најави нова серија консултации за ситуацијата во сириската провинција Идлиб.

– Во подготовка е уште една серија консултации и се надеваме дека ќе ни помогнат да постигнеме договор за тоа на кој начин може да се обезбеди да стане зона на деескалација, каде терористите нема да владеат – истакна Лавров.

Тој додаде дека турската армија во Идлиб разбира дека во зоната на деескалација се води борба против терористите.

– Никој никогаш не се договорил во рамките на постигнатите договори помеѓу претседателот на Русија и на Турција дека нема да бидат изведувани контранапади против терористите доколку се обидат да се однесуваат како што се однесуваат – посочи Лавров.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган минатата недела изјави дека се надева оти ќе се сретне со лидерите на Русија, Германија и Франција и ќе разговара за ситуацијата во сириската покраина Идлиб. Тој додаде дека средбата би можела да биде организирана во Истанбул.

Ситуацијата во покраината Идлиб се влоши кон крајот на јануари кога сириската армија покрена офанзива против екстремистите, кои го прекршија примирјето.

Москва повеќе пати изрази поддршка на антитерористичките акции, додека Анкара тврди дека сириската армија го прекрши мировниот договор од Сочи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот