Москва го возвраќа ударот: Русија протерува двајца холандски дипломати за „непријателски и провокативен потег“

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руското Министерство за надворешни работи денес објави дека протерува двајца холандски дипломати. Наведено е дека е поднесен остар протест против амбасадорот за работа на холандската амбасада во Москва поради претходното неосновано прогласување на двајца руски дипломати за персона нон грата, пренесува РИА Новости.

Руското министерство проценува дека овој, како што е наведено, „непријателски и провокативен потег, како и нов бран антируска хистерија, организиран од Хаг со помош на провладини медиуми“, покажува дека холандските власти немаат здрав разум и разбирање за реалните проблеми во руско-холандските односи.

Затоа, во согласност со принципот на реципроцитет, Москва одлучи да протера двајца вработени во холандската амбасада, и тие ќе мора да ја напуштат Русија во рок од две недели, се наведува во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот