Москва ги отфрла обвинувањата дека врши политички притисок врз Молдавија преку гас

Руски гасовод
Фото EPA/ROBERT GHEMENT

 

Руското претседателство изјави дека тековните преговори меѓу рускиот гасен гигант Газпром и Молдавија – која се соочува со голем недостиг на гас, се „исклучиво комерцијални“, отфрлајќи ги наводите дека врши некаков геополитички притисок врз Кишињев.

„Сето ова е целосно комерцијално по природа, нема политизација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Молдавија редовно се снабдува со гас од Русија преку прорускиот сепаратистички регион Придњестровје и Украина.

Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Сепак, се појавија компликации откако Газпром ја зголеми цената на гасот за речиси 43 отсто во октомври, што молдавската влада го оцени како „неоправдано и нереално“ за земјата, една од најсиромашните во Европа.

Како одговор, Молдавија минатата недела воведе енергетска вонредна состојба која ѝ овозможи да купува гас од Полска, за прв пат од стекнувањето независност во 1991 година.

Вицепремиерот Андереј Спину денеска е во Санкт Петербург на разговори со шефот на Гаспром Алексеј Милер со цел да се склучи долгорочен договор за испорака на руски гас.

Спину пред преговорите изјави дека сака да добие „корекција“ на цените што Москва му на Кишињев од Москва.

„Постои побарувачка за гас, комерцијален предлог, понуда за намалување на цените, но и проблемот со акумулацијата на молдавскиот долг“, рече Песков.

Поранешната советска република Молдавија е поделена меѓу поддржувачите на зближување со Русија и оние кои сакаат да и се приклучат на Европската унија.

Критичарите на Кремљ тврдат дека Москва ги зголемила тарифите за да ја казни Молдавија по изборот на проевропската претседателка Маја Санда во 2020 година.

Од друга страна, Москва го обвинува Кишињев дека доцни со плаќањата и се заканува дека ќе го прекине снабдувањето со гас доколку не се потпише нов договор.

Недостигот на гас во Молдавија е дел од скокот на цената на бензинот во Европа, што некои земји делумно и го припишуваат на Москва, обвинувајќи ја дека сака да изврши притисок врз континентот со тоа што одбива да обезбеди дополнителни количества енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот