путин конфликт русија-украина
Владимир Путин / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Москва ги обелодени имињата на дипломатите кои Путин ги испраќа во Ријад на преговари со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков во вторник во Ријад ќе се сретнат со американски претставници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Лавров и Ушаков в понеделник летаат за Ријад по инструкции на рускиот претседател Владимир Путин.

„Се очекува тој во вторник во Ријад да одржи средба со американските колеги, која првенствено ќе биде посветена на обновувањето на целиот спектар на руско-американски односи“, рече Песков.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата откри дека Виткоф веќе се сретнал со Путин „во многу долг разговор, кој траеше околу три часа“. Виткоф, милијардер инвеститор во недвижнини и близок пријател на Трамп, неодамна беше во Москва за да обезбеди ослободување на американскиот учител затворен поради поседување марихуана.

Се очекува американскиот државен секретар Марко Рубио да се сретне и со руски претставници во Саудиска Арабија, а на средбата ќе присуствуваат и советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц и Виткоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот