Московските власти може да ја укинат забраната за масовни настани за да се одржи маршот на „Бесмртниот полк”

Московските власти може да ја укинат забраната за одржување масовни настани до Денот на победата, со цел да се одржи марш на „Бесмртниот полк” во вообичаен формат.

„Според распоредот, уличниот фестивал „Велигденски подарок” треба да се одржи на 26 април, а ограничувањата до тогаш треба да бидат укинати”, изјави за РБК федерален службеник.

Оваа информација ја потврдил и извор близок до канцеларијата на градоначалникот на Москва.

Според портпаролот на градоначалникот на Москва, Гулнара Пенкова, при донесувањето на таа одлука, властите ќе се потпрат на динамиката на санитарната и епидемиолошката состојба.

Копретседавачот на централниот штаб на движењето „Бесмртен полк”, Елена Цунајева, од своја страна, истакна дека организаторите разговараат за сите можни формати на настани.

Шефот на извршниот комитет на движењето „Бесмртен полк на Русија”, Артјом Хуторски подоцна потврди дека настанот се подготвува и во живо и во онлајн формат, а конечната одлука ќе биде донесена во зависност од епидемиолошката состојба во мај.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков објави дека Парадата на победата во 2021 година сигурно ќе се одржи, но датумот е под знак прашалник.

Поради опасната епидемиолошка состојба, минатата година Парадата на победата, наместо на 9 мај, се одржа на 24 јуни – денот кога и во 1945 гидина се одржа победничката прошетка на Црвениот плоштад.

Во онлајн формат се одржа и традиционалниот „Бесмртен полк”, кој се одржува во чест на жртвите од Втората светска војна. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот