Mорско прасе го предвидува шампионот, Тотенхем или Ливерпул? (ВИДЕО)

Принтскрин - YouTube

Челзи го погоди, „Суперкомпјутерот“ точно го прогнозираше победникот во Лига Европа каде што во Баку Челзи убедливо со 4:1 го совлада Арсенал.

Англиските гиганти ќе се борат во шпанскиот главен град за најпрестижниот европски фудбалски трофеј, Ливерпул и Тотенхем.

EPA-EFE/CARLOS PEREZ

За Редси ова е второ финале по ред, а потсетување дека во Премиер лигата завршија на второто место зад Манчестер сити со рекордни 97 бодови.

Што се однесува до Тотенхем, менаџерот Маурицио Покетино успеа да го однесе клубот во прво историско финале и во обид да го подигне својот прв тренерски трофеј како потврда за досегашната одлична соработка со Спарси во последните години.

Какви им се шансите на двете екипи во финалната битка? „Суперкомпјутерот“ му дава голема предност на Ливерпул, дури 72% дека ќе слави в сабота, а само 28% за Тотенхем.

Ваквите предвидувања „Суперкомпјутерот“ ги прави врз основа на повеќе параметри, бројот на реализирани голови, меѓусебните дуели, формата на играчите, повреди, итн.

Освен „Суперкомпјутерот“, сме биле сведоци како и животните прогнозираат спортски, фудбалски натпревари, во овој случај две кучиња и едно морско прасе за финалето во ЛШ, Тотенхем-Ливерпул.

Морското прасе смета дека Тотенхем ќе се искачи на европскиот врв, а двете кучиња имаат различни мислења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот