Морската граница меѓу Турција и Либија предизвикува „сериозна загриженост”

Меморандумот за разбирање со кој наводно се дефинира морската граница меѓу Турција и Либија предизвикува „сериозна загриженост”, изјави новиот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

– Јасно е дека тој документ создаде сериозна загриженост. Изразуваме солидарност и даваме поддршка за Грција и Кипар, истакна Борел, додавајќи дека меморандумот е проблематичен за тие две земји и може да претставува проблем за грчките острови.

Според него, властите на ЕУ го испитуваат документот.

– Очекувам дека ќе заземеме став по анализите на содржината на меморандумот за разбирање, кој до пред неколку дена не беше тајна, но беше непознат, нагласи Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот