Морничаво видео: Се запали балон во Мексико, починаа три лица

Фото: Принтскрин, Твитер

Во близина на древниот мексикански град Теотихукан денеска се запали балон со топол воздух. Во балонот имало три лица, а причината за пожарот се уште не е позната.

По избувнувањето на пожарот, балонот се урнал на земја, пишува Мексико Дејли Пост.

На социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како балон гори на речиси 100 метри над земјата.

На почетокот на видеото се гледа како едно лице скока од кошот обидувајќи се да се спаси, а цело време се слуша застрашувачки врисок.
Туристите со мобилните телефони го снимиле моментот кога балонот се запалил, а од корпата на балонот извира оган и бел чад.

На местото на настанот биле испратени екипи за итна помош и пожарникари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот